Пивото е добро за здравјето PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 21 Март 2011 11:50   

 

 

Конечно и љубителите на пивото може да се израдуват на фактот дека здравствените придобивки од него се скоро идентични на оние кои ги добиваме од виното. Без разлика на каков тип пиво сте навлечени, доколку го пиете во умерени количини, со сигурност ќе ги осетите неговите бенефити.

 

Пиењето 2 пива дневно (ова важи за машките бидејќи за девојките е препорачливо едно), може да помогне да се намали ризикот од мозочни удари и срцеви заболувања. Нормалното консумирање може да го намали ризикот до 20% според истражувањата направени во САД.

Пивото може да помогне да се покачи нивото на ХДЛ (корисен холестерол) во телото и да ја намали веројатноста за појава на згрутчување на крвта.

Неколку пива дневно можат да го зголемат нивото на антиоксиданси во крвта. Ова овозможува клетките да разнесуваат повеќе кислород низ организмот. Покрај другите нешта, поголемата количина на кислород овозможува подобра активност на мускулите.

 

Пивото содржи витамин Б6 кој е потребен за создавање хемоглобин, кој и ја дава црвената боја на крвта. Тој исто така разнесува и кислород низ организмот и помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Не содржи масти, помага при заспивањето и релаксира.

Пивото ги содржи и витамините Б и Б2 и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор.

Темното пиво е поздраво отколку светлото. Тоа содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти кои помагаат во заштитата на организмот од заболување.

Пивото може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на инсулин во крвта.

Пиењето пиво може да ја намали шансата за создавање камен во бубрег. Ова може да се должи на водата, хмељот или пак на алкохолот, но која и да е причината, изгледа дека помага.




 

Недев и Лозари собраа 81000 денари за Драгана Малкиќ

   Спојувајќи ги религијата и хуманоста, Дарко Недев, момчето кое вчера го фати Светиот...

Промоција на книгата „Аранел“ на Лазар Каров

   Богата со културни настани недела ќе донесе и два доста интересни литературни наста...

Градење доверба во несигурни времиња – Сто години на изволте

  Довербата се гради на семејното огниште...   Во кое време да го сместиме дејствието н...

Дарко Недев го фати Светиот крст во Кавадарци

   Седумнаесетгодишниот Дарко Недев го фати крстот во водите на реката „Луда Мара“ во...

Од понеделник до петок, театар на сенки нки ибарот и златната рипка пловат до Лапонија“

   Од денес, понеделник, 17 декември, па се до петок, 21 декември, на сцената на Театарот пр...

Вработените во Дрекслмајер посадија 6000 дрвца

   Во склоп на компанискиот проект за заштита на животната средина и одржливост, Дрекс...
Get Adobe Flash player

Анкета

Што очекувате од годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер?
 

Секс

Ако мислевте дека задоволството е единствена корист од сексот, с...

Видео

  По три недели во кои сеуште интензивно се раскажува за промоцијат...

Актуелно

  Поп-ѕвездата Лејди Гага ќе одржи специјален настап на претстојни...

Спорт

  Манчестер јунајтед денеска и официјално потврди дека Жозе Мурињо...
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov