Клучен натпревар за ракометарите PDF Печати Е-пошта
Напишано од Wishmaster on Вторник, 07 Јуни 2011 18:53   

 

Јуни е месец на ракометот кај нас. Овој е особено потцртан со спортот со најмногу промоции на големите настани.

 

Нашите најдобри ракометари во Естонија утре го играат клучниот двобој за пласман на Европскиот шампионат во Србија идната година.

 

Од тотални аутсајдери, Естонците се во позиција да обезбедат историски резултат.

 

Македонската селекција го има квалитетот на своја страна иако гостува, има непријатно балтичко искуство, и е без победа на претходните две гостувања.

 

Но, најслаборангираната репрезентација во групата, која во Скопје во првиот дуел ја совладавме лесно, не смее да биде пречка за враќање на Европските шампионати по пауза од 13 години.

 

Никој во нашиот табор и не помислува на тоа, зашто ако загубиме во Полва и не заслужуваме да бидеме дел од Европскиот ракометен крем идната година во соседна Србија.

 

Иако имаме и реми опцијата, како резервна варијанта, или трето нерешено гостување во Естонија кое диктира победа над БиХ во Скопје в недела во последното коло.

 

„Ние сме слична селекција како Естонија и во нашата репрезентација нема индивидуалци кои се одвојуваат. Значи нашиот најсилен адут е колективот, и се надевам дека колективот ќе победи, а тоа ќе го покажеме во среда“, изјави Кире Лазаров, капитен на македонската ракометна репрезентација.

 

„Секако Естонија е таа која важи за аутсајдер во нашата група, но со сплетот на околности, ние мора да го победиме најнеквалитетниот тим во оваа група за да одиме понатаму“, рече Ванчо Димовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Резултати:

Бостон - Њујорк 112:102,

Чикаго - Њу Џерси 97:92,

Кливленд - Вашингтон 100:93,

Далас - Њу Орлеанс 121:89,

Минесота - Хјустон 102:121,

Орландо - Индијана 92:74,

Филаделфија - Детроит 100:104,

Оклахома - Милвоки 106:110 (прдолжение),

Јута - Денвер 107:103,

Торонто - Мајами 79:97,

Шарлот - Атланта 96:85,

Голден Стејт - Портланд 110:86,

ЛА Клиперс - Мемфис 110:103,

Феникс - Сан Антонио 106:103,

Сакраменто - ЛА Лејкерс 108:116.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov