Кавадаречки бизнисмени нови сопственици на „Михајлово“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 11 Јануари 2012 21:17   

 

 

Еден од објектите во кои се создаваа детските спомени на многу генерации, можеби конечно ќе блесне во сиот свој сјај и приказната за него после 10 години неизвесност ќе продолжи.

 

Денес покриено со шут и со ѓубре, а некогаш со имотноправни, концесиски и судски проблеми, според неофицијалните информации до кои дојде ТВТ наскоро, а можеби и годинава ќе проработи детското одмаралиште Михајлово, кое е на само 40-ина километри од Кавадарци и до него се стига преку аслфалтен пат кој беше изграден само две години пред да се затвори одмаралиштето, на надморска височина од околу 1.200 метри, во близина на границата со Грција, и во него порано секоја година летувале и по 1.000 деца во три месеци.

 

Заглавено во децентрализациониот процес, детското одмаралиште „Михајлово“ веќе десетици години е вон функција. По многуте нагодувања и чаршички муабети за судбината на одмаралиштето каде пораснаа безброј генерации од регионот, но и од Македонија, Министерството за труд и социјална политика кое беше задолжено да го реши проблемот со одморалиштето и кое ги води постапките за продажба на почетокот на декември објави јавен оглас за негова продажба, трети до сега ако се земат во предвид првиот не успешен во 2008 кога одмаралиштето се продаваше по цена од 417.000 евра и вториот во 2009 по цена 20% пониска кој поради изборите беше повлечен.

 

Tокму со МТСП во судска постапка општина Кавадарци го изгуби судскиот спор за сопственоста на  одмаралиштето Михајлово која толку многу ја посакуваше, и тоа и е главна причина за запуштеноста на објектот.

Во последниот Јавен оглас за негова продажба, вкупната пазарна вредност на Детско одморалиште „Михајлово„ во Кавадарци беше проценета на 122.295,70 евра што всушност беше и почетната цена за јавното наддавање. Оваа цена, е речиси за три пати пониска од првичната, кога објектот беше проценет на 417.000 евра.

 

Неофицијално дознаваме дека на јавното наддавање кое се одржало во просториите на Министерството за труд и социјална политика на 21.12.2011, заинтерсираните купувачи кои понудиле највисока цена се група на здружени успешни бизнисмени од Кавадарци, што сепак представува одлична вест која што влева оптимизам за иднината на детскиот, но и воглавно туризмот во тиквешијата. Нивна основна цел е враќање на сјајот на сега запуштеното одмаралиште и негово разработување во полн капацитет.

 

Земајки во предвид фактот дека до сезоната остануваат уште 5-6 месеци голема е веројатноста реновираното одмаралиште Михајлово првите гости да ги прими уште годинава. Сепак останува да почекаме да помине законскиот рок за жалби, со што и официјално ќе се дознаат новите сопственици, а со тоа и нивните планови за иднината на Детското одмаралиште Михајлово.

 

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија

 

 

 
Get Adobe Flash player

betiankitev naslovna

Alternative flash content

To view this Flash you need Javascript on your browser and updated version of flash player.

Сите права се задржани - Copyright © 2013  - www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov