ГФК Тиквеш остана без тренер PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 26 Март 2012 14:46   

 



Митко Сапунџиев не е повеќе тренер на ГФК Тиквеш. Стратегот на кавадаречкиот тим самиот си поднесе оставка по серијата лоши резултати на почетокот од пролетниот дел од сезоната. За потсетување, Тиквеш нема победа во првите три кола од пролетниот дел, и е се подалеку од местата кои водат кон првата лига, што беше цел на клубот.

Но и покрај оставката на тренерот, фудбалерите продолжија со редовните тренинзи. Денешниот тренинг го предводеше Никола Глигоров кој беше довчерашен помошник на Сапунџиев, но кавадаречкиот тренер кој и не е премногу омилен во кавадаречката спортска јавност не поседува тренерска лиценца за да го предводи клубот, па најверојатно во наредните неколку денови ќе дознаеме кој ќе биде новиот предвнодник на Тиквеш.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov