11 години од смртта на Блашко Толев PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 02 Јули 2012 08:26   

 

Кобен беше 1ви јули 2001 година за младиот војник од с. Марена. По отслужувањето на воениот рок, 21-годишниот Толев не се вратил во родното село, туку останал да ја брани татковината. Загина во напад на терористите на тетовското Кале.


Блашко Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев беше припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија кој наместо да му се радува на младешкиот живот, ја облече воената униформа и го загуби животот за родната земја.


Вчера, во неговото родно село, пред неговата спомен биста почит му оддадоа неговите најблиски, преставници на Локалната самоуправа, политички партии и многу други гости од повеќе здруженија на бранителите од конфликтот во 2001 година. Пред присутните, се обрати претседателот на Совет на општина Кавадарци, Илија Тренчев.


Меѓу другото, Тренчев посочи дека наскоро на седница на Совет на општина Кавадарци ќе биде донесена одлука за преименување на улица во Кавадарци со името на Блашко Толев.
Да беше жив, Блашко Толев ќе имаше 31 година, но загина млад и ни остави аманет да ги почитуваме херојските подвизи и да ги воздигнуваме високите идеали.


Стефанија Темелковска - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov