Марјан Ѓуров повеќе не е дел од Фени! PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 18 Август 2012 14:32   

 

Од денес и официјално Марјан Ѓуров повеќе не е играч на кошаркарскиот клуб Фени Индустри. Заменик капитенот и еден од креаторите на сите шампионските успеси на кавадаречкиот клуб заминува од Фени одкако не успеа да најде заеднички јазик со управата.

Во краткиот разговор кој го имавме непосредно пред неговото заминување, најдобриот дефанзифец во сезоната 2007/08 изјави:


„Жал ми е што го напуштам Кавадарци, но едноставно не можевме да најдеме заеднички јазик со новата управа која реши не по моја вина да го прекине договорот кој е валиден уште една година. Поминав убав период во градот кој стана прв македонски град со титула од интернационален шампионат и горд сум на сите титули кои му ги донесивме на клубот и градот. Посебно сум му благодарен на екс претседателот Амир Абед кој беше голем професионалец и во негово време работите одеа во позитивна насока, за разлика од сега кога клубот се движи по некој друг правец. Благодарен сум им и на навивачите, особено на Лозарите кои ми даваа подршка во тешките моменти кога бев повреден“.


На прашањето што понатаму, Ѓуров рече: „Јас сум професионалец. Во наредниот период ќе пробам да најдам нов клуб каде ќе ја продолжам мојата кариера. Многу ми е жал што нема професионалната кариера да ја завршам во дресот на Фени, но тоа е тоа“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov