Лозари во акција за подобар Тиквеш PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 29 Октомври 2012 23:38   

  

Целта на акцијата за подобар Тиквеш која е најавена за во среда, 31 октомври 2012 година со почеток од 10 часот е да се направи клуб кој не би бил сопственост на поединец или на група луѓе кои би биле незаменливи, и нивниот збор не би претставувал ДОГМА - апсолутна вистина, а е спроведена од никој друг освен од искрените подржувачи на клубот кој е симбол за градот, клуб кој е испреплетен со минатото, сегашноста и иднината на Кавадарци.

 

Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци е сопственост на градот, на Кавадарци, на Лозари, и би бил спонзориран и финансиран по пат на данок од градот и членарина од членовите односно сопствениците на клубот, модел на управување на клубот, во кој секој кој ќе биде член и ќе плати извесна членарина, ќе има право на глас во донесувањето на одлуките поврзани со клубот, играчкиот кадар, тренерите и се друго.


Насекаде во светот има клубови кои функционираат на овој начин, и тоа функционираат доста успешно. Најјакото оружје на овие клубови се нивните НАВИВАЧИ-членови и подржувачи. Успехот на тимовите како Барселона, Бенфика, Шалке, Баерн и други ни дава кураж, храброст да тргнеме во оваа борба, во која освен силен, стабилен, успешен Тиквеш се друго ќе се смета за ПОРАЗ. Лозари му се потребни во овој момент на клубот кој живот значи, и сите искрени подржувачи на фудбалот ќе го дадат својот придонес, во оваа искрена борба, бидејќи за ТИКВЕШ СЕ РАБОТИ ...


ЛОЗАРИ - ЗА ПОДОБАР ТИКВЕШ !!!
Барањата за подобар Тиквеш :


1. Клуб во кој на најважните функции ќе бидат назначени образовани и компетентни луѓе, без обзир на нивната партиска припадност;


2. Клуб кој ќе има реална и искрена резултатска визија, без обиди за манипулација на навивачите;


3. Клуб кој ќе ги почитува и вреднува своите млади играчи-таленти, и нема да ги продава се додека не најде соодветно засилување;


4. Клуб во кој однесувањето на играчите, управата и навивачите ќе служи како пример за добро однесување;


5. Клуб кој ќе биде безусловно поврзан со своите навивачи, првенствено со навивачката група од Источната Трибина - Лозари;


6. Клуб кој активно ќе учествува во активности од цивилниот живот на Кавадарци;


7. Клуб чии натпревари ќе бидат забава и потреба за цела Кавадаречка фамилија, и стадион кој ќе одговара за такви посети - столчиња, НЕруинирани трибини, редарска служба и други оптимални услови за безбеден и удобен престој;


8. Клуб за кој соработката со неговите ЛЕГЕНДИ и ВЕТЕРАНИ ќе биде од круцијално значење;


9. Демократски избори - Годишни собранија организирани за избирање на водството на клубот;


10. Клуб во кој финансиските и другите дејности ќе бидат Транспарентни;


11. Клуб во кој ќе бидат почитувани сите закони на Р.Македонија;


12. Клуб кој активно ќе се бори за своите навивачи и воедно ќе работи на зголемување на бројот на своите членови и поддржувачи;


13. КЛУБ КОЈ ЌЕ БИДЕ ГОРДОСТ НА КАВАДАРЦИ !!




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov