Лазаров, Панев, Ристов и Каракамишев го напуштија ГФК Тиквеш PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 03 Јануари 2013 02:44   

 

Оквалификувајќи го единаесетото место на второлигашката табела како уште една неуспешна полусезона, во која градскиот фудбалски клуб Тиквеш повторно е далеку од местата кои водат до првата македонска фудбалска лига, деновиве се погласно се шпекулира дека голем дел од играчите кои го носеа црвено белиот дрес во есенскиот дел од шампионатот ќе го напуштат кавадаречкиот тим.


Веќе со сигурност се знае дека одбранбениот играч Игор Лазаров потпиша за тимот на Миравци, кој иако се наоѓа на шестото место на второлигашката табела, е само на три бода до лидерот Гостивар.


Од извори блиски до нашиот портал, дознаваме дека кавадаречкиот клуб го напуштија и Михаил Панев, Никола Ристов и Бојан Каракамишев.


Засега нема информации за пристигнувања на нови играчи кои ќе ги заменат оние кои ги бранеа боите на кавадаречкиот клуб во есенскиот дел од сезоната, а првата слика за ростерот на Тиквеш во продолжението од шампионатот најверојатно ќе ја добиеме во првите денови од припремите кои треба да започнат некаде по божиќните празници.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov