ФОТО: Лозарите го започнаа роденденското славје PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 03 Февруари 2013 21:20   

 

Со голема баклијада на костурницата во градскиот парк, навивачката група Лозари Исток и официјално ја започна големата роденденска прослава.


А вечерашниот настан само го потврди најстариот принцип на 22 годишното кавадаречко навивање, другарството. Најстарата гарда Лозари, нивното прво знаме, луѓе кои во живот го одржувале навивањето и во најтешките транизциони периоди, и многу, многу млади дечки и девојки кавадарчани, предводени од воскреснувачите на градската тиво култура беа вечерва заедно на почетокот на роденденската прослава по повод 22 години од формирањето на навивачката група Лозари.


Забавата продолжува вечерва во ноќниот клуб Александрија со настапите на големите Лозари, DJ Brkо и Пикси, додека за утре во 19 часот е закажана голема изложба на фотографии и навивачки реквизити од историјата на кавадаречкото навивање.

  

<<<ФОТО>>>




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov