Интервју - www.kavadar4e.com

Интервју со Ристо Милев, човекот кој стои зад секој успех на „Гоце Делчев - Тиквеш“ PDF Печати Е-пошта

(превземено од www.vinotika.mk)

 

„Зошто би работеле нешто ако не го сакате“ е животната девиза на Ристо Милев, човекот кој стои зад сите успеси на „Гоце Делчев - Тиквеш“, најголемиот производител на грозје на Балканкот. Непосреден и пријатен, човекот кој буквално го познава секое ливче и зрно грозје распоредени на плантажите од 820 хектари распоредени ширум Тиквешијата, учествувал во носењето на голем број сортите и клонови од сори кои денес се присутни во Македонија, е секогаш подготвен со часови да разговара за винарството и лозарството, за неговата омилена „Сува Гора“, за развојот на винаријата и вината кои ги сака како свои деца.

Повеќе...
 
Интервју со градоначалникот Александар Панов PDF Печати Е-пошта

(превземено од Кав'даречки весник)


Општина Кавадарци ја дели судбината на останатите македонски локални самоуправи кои изминатиот период работеа во услови на изразена политичка криза на државно ниво. Но добар дел од „цехот“ на таа криза го платиа тие, заради одредби од политичкиот договор. Во такви услови мораа да ја прилагодат работата и да функционираат само во изворните надлежности. Градоначалниците и советите ги извршуваа основните функции, а во другите сегменти од работата општините можеа да ги реализираат само веќе започнатите проекти.


Во ова издание на весникот реализираме интервију со градоначалникот на Кавадарци г.Александар Панов кој зборува за одразот на политичката криза, за реализираните проекти, како и за актуелната политичка ситуација во Македонија во пресрет на најголемиот национален празник Илинден – 2 Август.

Повеќе...
 
Интервју со Цеце Димова: Европската кошарка ми е поголем предизвик од Америка PDF Печати Е-пошта

По фантастичните игри на европското првенство во кошарка за кошаркарки до 18 години, на кое го покажа целиот свој раскошен талент и кошаркарско знаење, младата кавадаречка кошаркарска ѕвезда Цеце Димова полека се подготвува за новите предизвици кои ги носи новата натпреварувачка кампања. Очекувањата се големи, па и покрај бројните повреди здобиени на европскиот кошаркарски собир Димова чиј идол е Двејн Вејд веќе ги започна подготовките со својот клуб Бадел, но во меѓувреме одвои време и да поразговара со нас за повеќе теми, секако сите поврзани со кошарката.

Повеќе...
 
Интервју со Марјан Колев: Од бетонското ракометно игралиште до клупата на Ница PDF Печати Е-пошта

 

Иако со сите свои успеси несомнено припаѓа во рангот на најдобрите кавадаречки спортисти на сите времиња, некогашниот македонски ракометен репрезентативец Марјан Колев речиси и никогаш да не бил во центарот на медиумското внимание, иако приказната која започнува на бетонското ракометно игралиште во Кавадарци, па преку македонскиот репрезентативен дрес, француската лига и назначувањето за прв тренер на женскиот тим на Ница е и повеќе од интересна. Токму назначувањето за прв тренер на женскиот тим на Ница беше причината да го контактираме, а разговорот кој некако природно продолжи не мотивираше да го реализираме интервјуто во кое Колев одговораше на нашите прашања за трансферот во Ница, престојот во Франција, за своите почетоци, но и идеи за подобрување на состојбата со ракометот во Кавадарци, па и Македонија.

Повеќе...
 
Интервју со Теа Митрова PDF Печати Е-пошта

 

Теа Митрева, млада перспективна кошаркарка, а и идна репрезентативка. Теа освен што e дел од репрезентацијата, е член и на Бадел и на Кошаркарска академија која е во склоп на Спортска академија.

Повеќе...
 
«ПочетокПред123456789СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov