Тиквешија

Продолжува комуналната изградба во градот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 23 Јуни 2018 14:11   

 

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“.

Повеќе...
 
ФОТО: Комедијата „Пасивно пушење“ постави нови стандарди во кавадаречкиот театар PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 22 Јуни 2018 18:14   

  

Дваесет и четири часа по стартот на премиерната изведба и дваесет и четири часа пред почетокот на првата реприза, време доволно да се средат сите емоции и да се констатира дека кавадаречкиот театар има многу повеќе од нова хит претстава, од успешен проект кој ќе може и повеќе од достојно да ја претставува кавадаречката театарска уметност и на најголемите македонски театарски сцени, од комедија која е многу повеќе од тоа. И не, ова не е само поради тоа што смеењето на публиката ќе ги прекинува репликите кои ќе станат дел од урбаниот речник во наредните неколку месеци и ќе се прераскажуваат во годините идни, не затоа што аплаузот за сите оние кои се на сцена ќе биде громогласен, туку пред се затоа што „Пасивно пушење“ или „Ужасите предизвикани од пасивно пушење“ е претстава која постави нови стандарди во кавадаречкиот театар.

Повеќе...
 
Во среда, изложба на Владимир Темков во НЛБ Галерија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 19 Јуни 2018 10:40   

 

Во „Потрага по смислата на ликовноста во соочувањето на убавината на природата“, а во рамки на годинешното издание на манифестацијата Скопско лето, еден од најплодните и најголемите македонски ликовни уметници македонски, Владимир Темков во среда, 20 јуни 2018 година, повторно ќе ги претстави своите дела пред скопската публика.

Повеќе...
 
Кавадарци одбележува 105 години од Тиквешкото востание PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 19 Јуни 2018 09:28   

 

Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт која што ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО.

Повеќе...
 
Во четврток, премиера на „Ужасите предизвикани од пасивно пушење“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 18 Јуни 2018 16:15   

 

По двомесечни интензивни подготовки, кавадаречкиот театар е подготвен за првата премиера годинава, комедијата „Ужасите предизвикани од пасивното пушење“ која во четврток, 21 јуни, за прв пат ќе биде поставена на сцената на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov