Македонската дива Наташа Малинкова продолжува да ја „тресе“ македонската музичка сцена, овој пат со својот „заразен“ хит „Еј Мама“.
Новиот сингл на Малинкова е комплетно дело на нејзиниот долгогодишен соработник и еден од најголемите хит мејкери на македонската музичка сцена, Столе Аврамов.
„Еј мама“ е едно ново музичко искуство за мене, а верувам и за публиката која ќе има прилика да ме види сега во едно поинакво издание. Спотот во суштина е една кореографија, односно танц кој одлично кореспондира со самиот текст во песната благодарение на Ивана Балабанова и „Битрикс“. Напорно вежбавме да го постигнеме овој ефект. Нов звук, модерен аранжман и урбана тема, така обработена и во видеото. Се надевам ќе Ви се допадне – вели нашата Наташа.
Режисер на спотот е познатиот Даниел Јовески, а провокативниот стајлинг на најзгодната „мама“ на македонската музичка сцена и жешките танчерки дефинитивно ќе Ви го зголемат уживањето.