Лејди Гага добива место во Холот на славните Печати
Напишано од Unevski on Недела, 26 Април 2015 19:55   

 

Лејди Гага е добитничка на наградата „Иконa“ за најдобар композитор во последната деценија со што го потврдува својот музички статус во композиторскиот Хол на славните.


Најконтроверзната музичка ѕведа во последната деценија Лејди Гага на 19 јуни ќе ја добие наградата за композитор и свое место во Холот на славните.


Наградата „Иконa“ се доделува на композитори кои се на врвот на поп културта.


Лејди Гага е автор на поголемиот број свои песни, меѓу кои и на ултра популарните „Pocker Face“, „Applause“ и „Just Dance“ кои и ја овозможија престижната награда.