Објавен трејлерот за „На човеците не можиш да му угодиш“ Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 29 Март 2016 11:30   

 

Десетина дена по снимањето на приказната „На човеците не можиш да му угодиш“ која е петта од серијалот „Кав'даречки народни прикаски“, продукцијата Кавадион која го работи овој проект го објави и трејлерот кој ветува дека не очекува уште една интересна приказна.

 

Приказната е во режија на Диме Коцевски, директор на фотографија е Тони Коцев,  а во приказната ќе ги видиме Диме Боцев, Снежана Карова, Љупчо Бубо Шошев, Пане Белевски, Данчо Бањански, Коле Колев - Зезо, Видан Станоев и Деан Атанасов.


Приказната се снимаше во атарот на селото Крњево, а како и претходните, така и оваа приказна е проткаена со препознатливиот кавадаречки хумор и дијалект, но и со обичаи и адети кои се дел од традицијата на народот кој со векови живее на овие простори.