Хамилтон најбрз во Кина Печати
Напишано од Unevski on Недела, 12 Април 2015 18:35   

 

Луис Хамилтон се врати на победничкиот колосек и ја освои Гран при на Кина, трета рунда од сезонава во Formula 1. Ова е негова втората победа од почетокот на шампионатот, по онаа во Австралија, а и овој пат идентично како во Алберт Парк, зад него се пласираа Нико Розберг и Себастијан Фетел.


Трката во Шангај заврши мошне непопуларно, бидејќи на чело на колоната на два круга пред крајот се најде автомобилот за безбедност, кое мина прво и низ целта и по завршување на 56-те планирани кеугови. Причината беше што блокираше турбото во моторот на Renault во Тоro Rosso болидот, на младиот Макс Верстапен. Тинејџерот од Холандија требаше повторно да влезе во зоната на поени, но проблемите со агрегатот на францускиот производител му ја одземаа оваа можност.


Хамилтон беше најбрз и во квалификациите и на стартот на трката тргна од првата позиција. Не дозволи никакво изненадување од почетокот до самиот крај и рутинирано стигна до нов триумф, трет во ГН на Кина во неговата кариера. Розберг успеа да го задржи второто место, но и покрај тоа останува на третата позиција во генералниот пласман кај пилотите зад Себастијан Фетел.


Клубскиот колега на Фетел, Кими Раиконен имаше добра трка и заврши на четвртото место. Последниот шампион на Скудерија, кој ја донел титулата во Маранело, можеше дури да се искачи на подиумот, но автомобилот за безбедноста на крајот како да му помогна на Фетел да биде трет, со оглед на тоа што Финецот пристискаше сериозно.


Фелипе Маса заврши како петти, Валтер Ботас остана шести, Роман Грожан стигна до седмото место, додека клупскиот колега Пастор Малдонадо. Фелипе Наср се пласираше на осмото место, а последните места кои носат поени ги зазедоа Даниел Рикардо и Маркус Ериксон.