Кан: Нојер ја крена играта на голманот на повисоко ниво Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 26 Ноември 2015 13:43   

 

Легендарниот голман на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Оливер Кан, искажа многу пофални зборови за својот наследник меѓу стативите, Мануел Нојер.


Тој смета дека Нојер и даде нова димензија на голманската позиција, тоа е вистинска револуција во чувањето на фудбалската мрежа.


„Мануел ја крена играта на голманот на едно ново ниво. Сосема поинаква димензија, кога голман може да биде надвор од својот казнен простор и да одигрува со нога како и фудбалерите. Тој е одличен со двете нозе, и соиграчите воопшто не се плашат да проигруваат со него. Во таков случај, вие имате 11 фудбалери на теренот, а не десетмина, плус голманот. Уште поважно е што тој не прави фатални грешки, а во голем број случаи истрчува како трет бек и влева сигурност во последната одбранбена линија“ - вели Оливер Кан.