Македонија 138ма на листата на ФИФА Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 04 Февруари 2016 18:13   

 

Македонската фудбалска репрезентацаија остана на 138 место и по денешното рангирање на ФИФА.


Во периодот од претходниот ранкинг немаше активости на терен за сениорите. Од противниците на Македонија во квалификациите за СП во 2018, највисоко котира Шпанија која е трета, Италија е 15-сетта, Албанија на 36-то место, Израел е 73-ти, а Лихтенштајн е на 165 позиција.


Нема промени на врвот од ранг листата. Лидер е Белгија пред Аргентина и Шпанија. Во најдобрите десет се и Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.


Во наредниот период Македонија предводена од селекторот Игор Ангеловски ќе има два пријателски меча во месец март, против селекциите на Словенија и на Бугарија.