Се чисти коритото на реката Луда Мара Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 09 Ноември 2017 13:18   

 

Локалната самоуправа на Кавадарци со донација од јавното претпријатие Комуналец и компанијата Ја-Ми го чисти коритото на реката Луда Мара.


Од кабинетотот на градоначалникот Митко Јанчев, дека цел на акцијата која започна во понеделникот е да се расчитат дивите депонии.


„Во понеделникот започна акција за чистење на кејот на реката Луда Мара. Оваа акција е од големо значење за населението близу кејот, како и за целиот град. Дивите депонии се чистат со тешка механизација поради наталоженоста на овој проблем. Оваа акција е донација од ЈП Комуналец и ЈА-МИ сестра фирма на компанијата Кожувчанка.


Јавното претпријатие Комуналец учествува со булдужер, додека пак компанијата ЈА-МИ учествува со багер и два кипери за износ на ѓубрето. Оваа акција, односно чистењето на кејот ќе трае се додека не се исчисти просторот се до зградите Силекс“ се вели во соопштението од кабинетот на Градоначалникот Митко Јанчев.