Општина Кавадарци донираше пет моторизирани инвалидски колички |
|
Напишано од Unevski on Сабота, 05 Мај 2018 08:48
|
Општина Кавадарци на пет инвалидизирани лица им донираше автоматизирани и моторизирани колички, за полесно да функционираат во секојдневниот живот. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев појасни дека оваа активност е во согласност со програма која претходно беше донесена од Советот на општината.
- Распределбата на количките ја направивме во соработка со Здружението на инвалидизирани лица „Мобилност“, врз основа на претходно утврдени критериуми за потребите на нивни членови, рече градоначалникот.
Вкупната сума која беше издвоена од локалниот буџет за оваа намена, изнесува 375 илјади денари. Јанчев додаде дека локалната самоуправа секоја година одвојува одредена сума, за подобро функционирање на овие лица во општеството.
Михајло Михајлов, претседател на Здружение на телесни инвалиди „Мобилност“ од Кавадарци, се заблагодари на донацијата и рече дека со ова, се олеснуваат животот и самостојноста на лицата со попреченост. Тој исто така изрази задоволство за израмнувањето на архитектонските бариери, израмнувањето на ивичниците на нулта позиција, согласно конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп.
|