ОМБУ „Лазо Мицев - Рале“ доби нова концертна сала Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Мај 2018 05:59   

 

Музичкото и балетско училиште “Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци доби нов модерен лик. Со сечење на лента, свечено беше пуштена во употреба и новата концертната сала опремена со модерна технологија.

 

Долгогодишната идеја и желба на кавадарчани особено на музичките таленти, според наставниот кадар, се оствари.

За одвивање на наставата и на целокупниот концерно-музички живот на градот кога е во прашање сериозната музика, ваков објект бил неопходен.

Новата концерна сала ќе преставува место за музички натпревари, покажување на знаења од ова област и значително ќе ги подобри условите во воспитно образовниот процес во градот, државата и надвор од неа.

 

Небојша Мојсовски, раководител на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, исто така изрази задоволство од соработката со Општина Кавадарци која трае повеќе години и рече дека му е задоволство што е пуштена во употреба ваква сала во едно од најнаградуваните училишта кај нас.

 

Со изградбата на концертната сала, вели директорот, ќе се подобрат условите за работа и на учениците по балет кои досега својата програма ја реализираа во Домот на културата.

 

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во обраќањето пред присутните се заблагодари на поддршката добиена од УСАИД, но и кон бизнис секторот.

Инаку проектот вреден над 80.000 евра се финансира од Локалната самоуправа, Министерството за образование и УСАИД.

 

Покрај модернизацијата на музичкото училиште “Лазо Мицев Рале“од Кавадарци, установата доби и нова концертна сала, во која ќе учат и ќе се образуваат идните генерации.

 

Желбата за концертна сала е дамнешна, а со пуштањето во употреба се отвораат можности за преименување на училиштето од основно во средно, што пак е тенденција на Кавадарци, со оглед на капацитетот и квалитетот на кадрите кои излегуваат од таму.