Комедијата „Пасивно пушење“ќе го отвори театарскиот фестивал "Repassage" |
|
Напишано од Unevski on Четврток, 01 Ноември 2018 21:20
|
Театарската претстава „Пасивно пушење“ на Театарот при Домот на култура „Иван Мазов - Климе“ ја продолжува својата интернационална одисеја. По гостувањето во Пустец, комедијата „Пасивно пушење“ ќе патува во Србија, и тоа во Уб и Ковин.
Во петок, 9 ноември, во 20 часот претставата „Пасивно пушење“ ќе го отвори официјалниот дел на тетарскиот фестивал "Repassage" во Уб, а ден подоцна, односно во сабота, ќе гостува во Ковин, збратимен град со Кавадарци, по покана на тамошниот Центар за култура.
Како последна проверка пред двете важни гостувања, претставата „Пасивно пушење“ во среда, 7ми ноември ќе биде поставена на матичната сцена. Претставата “Пасивно пушење“ е по текст на Небојша Ромчевиќ од Србија, а е во режија на Јордан Витанов. Во претставата играат: Атанас - Диме Коцевски; Жан Клод Мабебе - Видан Станоев; Лакан - Диме Боцев; Џек Бауер - Љупчо Настов; Џек Бауер Џуниор - Коле Колев; Зорка - Валентина Ѓорѓиова. Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Сценографија - Валентин Светозарев; костимографија - Јордан Витанов; избор на музика - Марјан Тодоровски; асистент на режија - Микица Илова; инспициент/суфлер - Благица Илиева; видео продукција - Тони Коцев; сценска поддршка - Диме Темков; плакат - Билјана Соколова Тодоровска.
|