Несовесни запалија пластичен контејнер за селектирање на отпад Печати
Напишано од Unevski on Сабота, 12 Мај 2018 09:46   

 

Несовесни граѓани запалија пластичен контејнер, кратко откако контејнерите беа поставени за селектирање на отпадот во Кавадарци. Од Јавното претпријатие “Комуналец” кое ги постави контејнерите во соработка со општината и компанијата “Пакомак”, денеска изразија незадоволство од ваквата постапка и упатија апел ваквите несакани работи да не се повторуваат.


„Неопходно е сите да се вклучат во акцијата за почисто и поубаво Кавадарци, за ваквите непромислени постапки да бидат само минато, нагласи Јован Ристов, раководител на Секторот за хигиена при “Комуналец”.


Заедно со еколошкото друштво “Еко-живот”, повикаа од страна на надлежните да се откријат и казнат виновниците. Истовремено повикаа на поголема еколошка свест кај населението.


Несовесните постапки ги осудија и од Локалната самоуправа, изразувајќи надеж дека ова нема да се случува и во иднина.


Контејнерите за селектирање отпад веќе неколку денови се цел на несовесни граѓани кои насила ги празнат контејнер за пластика, иако тој треба да се празни со специјално возило.